Донирај и Владимир Тасевски…

Нашиот бивш ученик Владимир Тасевски изработи апликација преку која со еден клик сите ние ќе можеме да ја изразиме нашата хуманост.

Имено, Мои донации е платформа која овозможува преку креирање на кориснички профил да се донираат средства за социјално загрозени семејства и сите останати на кои таа помош им е потребна. 

„Причината за изработка на оваа апликација е тоа што ние, луѓето се повеќе и повеќе губиме чувство за хуманост. Апликацијата е едноставна за употреба, сѐ што треба да направите е да креирате ваш профил и споделите донациски апел во кои се потребни некои основни информации. Во блиска иднина следува освежување на платформата со добивање на можност на донирање преку вашата платежна картичка. Со ова ќе се овозможи на брз и лесен начин донирање од било која локација. Оваа платформа е достапна за сите и во секое време без дополнителни дозволи и барања. Единствено е потребна вашата желба и ангажираност да ја подарите помошта безусловно. Тоа ќе придонесе нови насмевки на нечие лице.“ – вели Владимир.

Браво за твојата идеја, браво за твоето чувство да им се помага на луѓето, браво Владимир! Се гордееме што од нашите клупи излегуваат ученици како тебе!

Останува на сите нас безрезервно и несебично да ја покажеме својата хуманост на дело…

https://donacii.org/