Презентација на InnoTech Club…

Вчера во нашето училиште се одржа презентација на платформата InnoTech Club. Основна мисија на InnoTech Club е зголемување на свесноста во македонското општество за значењето и важноста на науката, технологијата и иновациите како клучни фактори за силен економски раст и развој на земјата.

Презентацијата ја реализираше Љубица Ангелкова, а на неа присуствуваа триесеттина матуранти.

Мотото на InnoTech платформата е:
Единствениот пат до одржлив економски развој и високи стапки на еконмски раст води преку наука, технологија и иновации!

Предизвиците на InnoTech Club се:
Како младите да се заинтересираат за наука и технологија?
Како да ги мотивираме да работат на научни проекти применети во пракса?
Како знаењето и иновациите да ги направиме IN?
Како да ги задржиме експертите со силни технички вештини да градат кариери во Северна Македонија?
Како работата во сферата на “advance science, technology and innovation” да биде привлечна и во нашата земја?

 

 

 

 

Следната презентација за учениците од трета година ќе биде во петок на 20 декември во 14.15 часот во салата за состаноци на училиштето.