Соработка со НВО „Сфера“…
СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ потпиша меморандум за соработка со невладината организација „Сфера“ – Битола. Меморандумот го потпишаа в.д. директорот Владимир Роме и претседателот на здружението Милчо Дули.
Здружението на граѓани „Сфера“ е организација чија цел е преку неформални методи да врши едукација на населението во Македонија во врска со заштитата на животната средина, културното и природното наследство, со цел да се подигне свеста кај сите возрасни групи за важноста на здравиот начин на живот и придобивките кои доаѓаат со неа.
Целта на овој меморандум е преземање на заеднички активности и изразување на јасен интерес од двете страни за соработка во интерес на имплементација на проекти финансирани од локални, национални и интернационални институции и организации.
Соработката ќе се реализира преку взаемна поддршка, креирање, менаџирање и имплементирање на проекти во рамките на програми кои го поддржуваат економскиот и образовниот развој на локално, национално и европско ниво.
Нека е аирлија…