Ученикот Ангел Насев, лидер на електротехничка струка 2019…
Вчера во училиштето “Гошо Викентиев” во Кочани се одржа шестиот по ред натпревар “Лидер на струка 2019”. Натпреварот е во организација на Министерството за образование и наука и Центарот за стручно образование и обука.
На натпреварот зедоа учество околу 50 натпреварувачи од училишта каде се изучува електротехничката, машинската и сообраќајната струка. Тие се натпреваруваа во теоретски дел и практична задача.
Од нашето училиште учествуваа четворица ученици, по двајца од електротехничката и машинската струка и постигнаа одличен успех:
– Петар Илиевски, техничар за компјутерско управување, 5 место, ментори Петар Бошковски, Ѓеорги Ташковски
– Антонио Христо Дуковски, машински техничар, 2 место, ментори Елизабета Трајковска, Зоран Никлевски
– Томче Ѓорѓиевски, електротехничар енергетичар, 7 место, ментори Владо Тасевски, Ацо Илиевски
– Ангел Насев, 1 место, електротехничар за компјутерска техника и автоматика, ментори Јани Сервини, Пеце Петров
Според постигнатите резултати од сите натпреварувачи од електротехничка струка, нашиот ученик Ангел Насев освои најмногу поени и е прогласен за ЛИДЕР НА ЕЛЕКТРОТЕХНИЧА СТРУКА 2019. Ова е огромен успех…да се биде прв во својата струка е за почит!
Браво Ангел, секоја чест ментори…браво за сите наши претставници…имајте уште мноооогу вакви и поголеми успеси…