Проект „НАТО Караван“

Вчера во малата сала на Центарот за култура – Битола се одржа презентација за придобивките на Република Северна Македонија од членството во НАТО. Настанот беше во организација на Инфо центарот за евроатлантски интеграции и истиот беше наменет за натурантите од средните училишта во Битола. 

Темата на презентацијата беше „Учиме за НАТО“, преку која младите имаа можност да бидат информирани за НАТО коалицијата и нејзината поврзаност со нашата земја. Предавач на настанот беше м-р Емир Хасановиќ, програм координатор на Инфо центарот за евроатлантски интеграции.

Нашето училиште учествуваше на презентацијата преку десеттина матуранти кои имаа можност одблиску да се запознаат со активностите на нашата земја за влез во НАТО алијансата.