Хуманитарна крводарителска акција во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“

Денес во нашето училиште се одржа хуманитарна крводарителска акција. Акцијата е во соработка со Општинската организација на Црвениот крст со која училиштето има потпишано меморандум за соработка. На акцијата и претходеше мотивационо предавање за крводарување, а потоа 17 ученици од завршните класови ја донираа течноста што живот значи. Браво за нив!!!

Следната акција е планирана за месец март идната година, очекуваме уште поголем број на хумани ученици…