Презентација на Interworks…

Завчера во нашето училиште беа гости претставници на компанијата Interworks од Битола.

 

Interworks е програмерска компанија која вработува млади кадри, но и спроведува обуки од областа на програмските јазици и софтверското инженерство. Токму тоа беше и целта на нивната посета. Имено, Interworks во наредниот период организира два курсеви и тоа Вовед во веб дизајн и Вовед во програмирање. Во таа насока, претставниците од Interworks на нашите ученици од образовниот профил Електротехничар за компјутерска техника и автоматика им направија куса презентација на компанијата и опис на она што ќе се изучува на курсевите. Обуките започнуваат на 14 октоври и ќе траат шест месеци. Во тој период учениците и останатите пријавени ќе имаат 28 средби од по час и половина. На крај се полага испит за добивање на сертификат за успешно завршена обука.

Е па средношколци повелете пријавете се и надградете го вашето знаење.