СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ на Macedonia Manufacturing Expo 2019

Денес во хотелот Александар Палас во Скопје започна Macedonia Manufacturing Expo 2019. Овој дводневен настан е во организација на Делегацијата на германското стопанство во Република Северна Македонија – AHK Nordmazedonien и MAMEI – Асоцијација на метална и електро индустрија и е во склоп на Проектот на USAID за развој на деловниот екосистем. Macedonia Manufacturing Expo 2019 е трето по ред  издание на меѓународната конференција и бизнис настан за деловно поврзување (B2B) на компании од лесно преработувачката индустрија. Тука беа и претставници на компаниите со кои се реализира дуалното стручно образование во нашиот средношколски образовен систем.

За нашето училиште денешниот настан беше од големо значење. Денес, пред сите присутни на свеченото отворање на настанот, беа промовирани класовите во кои се реализира дуално стручно образование од пет средни училишта. Меѓу нив беа и нашите ученици од I-9 клас од образовниот профил Техничар за индустриска мехатроника. Тие, униформирани од страна на компанијата Кромберг и Шуберт, беа претставени пред сите гости и добија пригодни изненадувања од организаторот. Тука беа и дел од родителите на овие ученици, кои сигурно се горди на своите деца и не жалат за денешното одвоено време да бидат со нив.

Потоа се одржаа две панел дискусии во врска со имплементирањето на дуалното стручно образование на кои беа изнесени мислења и видувања на претставници од компаниите, но и од ученици, родители и ментори по практична настава.

Се на се, убав настан, нешто ново, интересно, несекојдневно…продолжуваме понатаму!