Преубав ден на маршот „Неолица 2019“

Вчера се одржа традиционалниот планинарски марш „Неолица 2019“. Маршот е во организација на ПСК „Ѓорѓи Наумов“ и на него присуствуваа околу 200 вљубеници во планината и пешачењето.

Денот преубав…сончев…онаков каков што може да се посака за на планина. Планинари од најмали до највозрасни…Тука беа и петнаесеттина ученици од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ анимирани од страна на наставникот по спорт и спортски активности Влатко Гроздановски, но и од бившиот наш колега Тома Лозановски кои воедно беа водачи и организатори на овој настан.

Групата се собра пред задругата во село Лавци од каде започна искачувањето до врвот Неолица. Попатно патеката водеше кај „Таблата“ па кон врвот. Прекрасна глетка, небо без ниту едно облаче…

Задоволство на лицата на сите присутни. По искачувањето на врвот следеше спуштање до планинарската куќа „Неолица“, а таму пак срдечна дружба и незаборавното планинарско гравче. За посебна пофалба е состојбата во која сега се наоѓа самиот објект. Терасата комплетно реновирана и покриена, собите за спиење во одлична кондиција…БРАВО за професорот Лозановски и неговото несебично вложување Неолица да биде место за уживање. Ни рече дека ќе продолжи и понатаму да го оплеменува просторот и безрезервно ја има нашата поддршка.

Поздрав до организаторот и да имаат уште многу вакви успешни настани.