Трибина на тема „Борба против дезинформациите“

Денес во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски” – Битола се одржа јавна интерактивна трибина на тема „Борба против дезинформациите“. Трибината е во организација на Здружението за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ – Битола во соработка со НУУБ „Св. Климент Охридски” – Битола.

На денешниот настан учество зедоа Жанета Здравковска – новинар и регионален координатор на ЗНМ, Стево Башуровски – главен и одговорен уредник на ТЕРА телевизија, Д-р Божидар Миленковски – професор на ФИКТ и М-р Фатма Бајрам Аземовска – НУУБ „Св. Климент Охридски” – Битола. Модератор на трибината беше Мартин Николовски, студент на насоката новинарство на Факултетот за комуникации при Хаџи Бајрам Вели Универзитетот од Анкара, Р.Турција. 

Како учесници на трибината од нашето училиште учествуваа десет ученици од III-5 клас. Целта на трибината е младите луѓе да стекнат правилна перцепција кон информациите кои постојано се пласираат преку медиумите, социјалните мрежи и порталите и да можат да пресудат која од тие информации е онаа  вистинската.