Планинарски марш „Неолица 2019“

Традиционалниот планинарски марш „Неолица 2019“ оваа година ќе се одржи во недела на 22 септември. Во таа насока ја проследуваме официјалната покана од ПСК „Ѓорѓи Наумов“ – Битола.

П О К А Н А

за учество на традиционалниот планинарски марш
„НЕОЛИЦА – 2019“

Почитувани планинари,

Планинарскиот спортски клуб „Ѓорѓи Наумов“ – Битола на 22 септември 2019 год. (Недела) го организира традиционалното искачување „Неолица 2019”.
По тој повод Ве покануваме да нѝ се придружите на оваа наша заедничка планинарска манифестација, која ќе се одржи според приложената програма:

730 – Поаѓање на колоната од задругата во село Лавци (800 м.нв.) и упатување кон планинската чешма, каде се очекува пристигање на колоната околу 8.45 часот. Одмор 10 -15 минути.
900 – Продолжување на движењето преку „Таблата“ со попатни одмори до врвот „Неолица“1865м.нв. Пристигањето на колоната се очекува околу 11.15часот. Одмор 20 минути.
1135 – Спуштање на колоната до планинската куќа „Неолица“ (1440 м.нв.) – одмор, дру¬же¬ње.
1300 – 1400 – Заеднички планинарски ручек (гравче), обезбеден од организаторот.

Секој планинар да си носи прибор за исхрана!
Секој учесник треба да биде во добра психофизичка кондиција. Да поседува опрема за планинарење: долги пантолони, високи планинарски чизми (трисезонски), капа, заштитни наочари, кабаница, шише за вода (најмалку 1 литар).
Секој учесник да се придржува према инструкциите зададени од организаторот и водичите на акцијата.

Напомена: Планинарскиот спортски клуб Ѓорѓи Наумов не одговара за последиците кои би се случиле заради непочитување на горенаведените инструкции, како и за непријавените учесници.

Контакт тел:
075 513-917 Тома Лозановски

Претседател
Тома Лозановски

Патеката на традиционалниот планинарски марш „Неолица 2018“ е со должина од 16.870м. и висинска разлика 1.064 метра.

Поздрав, ПСК „Ѓорѓи Наумов“ – Битола.