Завршен настан од проектот „Тех-стартап училиште“

Денес во нашето училиште се одржа завршниот настан од проектот „Тех-стартап училиште“. Проектот започна минататa година во декември и е имплементиран од НВО ГЕТ ИНОВАЦИЈА Битола во партнерство со СОТУ “Ѓорѓи Наумов”- Битола, а е поддржан преку грантовата програма на Комисијата за демократија при Амбасадата на САД во Македонија.

На денешниот настан свои презентации имаа наши ученици кои како резултат на проектните активности реализираа напредни софтверско-хардверски решенија. Целта е да се поттикнат младите луѓе на развивање на креативни идеи и мотивирање за остварување на своите цели.

На сите учесници им честитаме на постигнатите резултати и им посакуваме уште многу вакви и слични проекти.