Започна новата учебна 2019/2020 година

Денес започнува новата учебна 2019/2020 година. Нашето училиште ширум ги отвори вратите за средношколците. За одбележување е првиот училишен ден на учениците од новиот образовен профил Техничар за индустриска мехатроника кој се реализира во склоп на дуалното стручно образование со компанијата Кромберг и Шуберт. Имено, на овие ученици срдечно добредојде им посакаа претставници од компанијата кои што ги поздравија учениците и им поделија пригодни подароци за почеток на нивното средно образование.

На сите ученици им посакуваме многу успеси во новата учебна година!!!