„ТИН лето во Библиотека“

Во рамките на проектот „Тин лето во Библиотека“, организиран од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, а одобрен од Министерство за култура за 2019 година, на 1.07.2019 год. се реализираше првата работилница за 3D печатење. Работилницата за 3D печатење ја водеше м-р Илче Ацевски, професор во СОТУ „Ѓорги Наумов“.

Професорот ги запозна учесниците со основните принципи на 3D печатењето, како и каде се користи и изврши презентација на 3D печатар кој нашето училиште го доби од грантот на  Фондот за иновации и технолошки развој. Потоа учесниците на работилницата беа поделени во групи и самите креираа 3D творби. Дел од творбите што децата сами ги креираа за време на работилницата беа испечатени на 3D печатарот.

Во периодот што следи се предвидени уште две работилници и тоа на 16.07 „Видео игри“ и на 30.07 „Книга и филм за тинејџери“.