Уште еден врвен успех…

Вчера, на Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ во Скопје се одржа втората работилница Развојни микропроцесорски системи. Работилницата е во организација на компанијата Логинг електроникс од Скопје во соработка со производителите MIKROELEKTRONIKA, ARDUINO и RASPBERRY и е во склоп на проектот ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ТЕБЕ кој го иницира самата компанија.

На работилницата беа презентирани современите архитектури и новите платформи од областа на микрокопроцесорските системи. 

Минатата година, компанијата Логинг електроникс донираше ARDUINO китови во седум средни стручни училишта во нашата држава со цел да ја осовремени наставата по дел од стручните предмети во електротехничката струка. Едно од тие училишта е и СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ кое доби седум китови за новиот кабинет за микрокомпјутери и микроконтролери. За возврат, училиштата имаа задача да ги имплементираат ARDUINO китовите во наставните и воннаставните активности и да презентираат што постигнале во оваа учебна година.

Во таа насока, вчера секое училиште кое доби ваква софистицирана опрема имаше своја презентација за тоа како се користела опремата и што е се реализирано со неа.

Е па дечки тука лежи зајакот…Професорот Јани Сервини со учениците Антонио Цветковски и Ангел Насев ги презентираа достигањата во изминатите неколку месеци со оваа развојна платформа, покажаа дел од реализираните трудови на наши ученици со кои освоија први места на неколку натпревари и ги воодушевија присутните. На крај од работилницата, кога никој не очекуваше ниту пак беше однапред најавено, организаторот на најдобрите три поединци додели пригодни награди. Претпоставувате нели? Да, да, да…првата награда за најдобрите постигнувања на нашите ардуиновци ја доби никој друг туку нашиот Антонио…Секоја чест…Секоја чест за него и за другите, а посебно за Наиле, Кристијан, Мартин и Јове, како и за нивните ментори Јани Сервини и Илче Ацевски кои работеа со овие врвни поединци…БРАВО!!!