Завршна средба за проектот ,,Бастион”

Денес во просториите на Бизнис академијата Смилевски – Битола се одржа завршната средба за проектот „Бастион“ – Развивање на меки вештини и социјални компетенции за тимско решавање на проблеми, со што завршија сите активности кои се однесуваат на проектот што се реализираше во нашето училиште во учебната 2018/2019 г. и кој беше поддржан од Светска банка и Министерството за образование и наука. На завршната средба нашите ученици имаа можност да го претстават својот училиштен проект под наслов „Фотонапонски покрив“, а ги презентираа и своите впечатоци за самиот проект „Бастион“.
 
Во изминатите неколку месеци 120 ученици од електротехничката и машинската струка беа опфатени со серија работилници чија главна цел беше развивање на комуникациските вештини, способностите за тимска работа и вештините за проектен менаџмент. Со стекнатите вештини се очекува нашите ученици да бидат поподготвени за предизвиците што ги очекуваат на пазарот на трудот.
 
Со проектот беа опфатени и 25 наставници од Училиштето кои беа обучувани во насока на зајакнување и подобрување на меките вештини и вештините за решавање на проблеми.
 
СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ и во иднина ќе продолжи да работи на професионалното усовршување на своите вработени, како и на подобрувањето на можностите за едукација на своите ученици.
 
 
 
 
 
Во продолжение преземена вест од телевизија ТЕРА