Грижата и негувањето на македонскиот јазик како задача и предизвик

Со квиз-натпревар по предметот Македонски јазик и литература за учениците од втора година беше одбележана 74-годишнината од озаконувањето на македонскиот правопис. Правописот беше официјално усвоен на 7 јуни 1945 година, што претставува важен чекор во развојот на македонскиот писмен јазик.
Покрај забавните моменти, присутните ученици на натпреварот имаа можност да научат нешто повеќе за македонскиот јазик, литературата и културата.
Првото место го освоија учениците Катерина Грежовска и Томе Кузмановски, второто место – Кристијан Јелисковски и Давид Митревски, додека третото место им припадна на Виктор Гулев и Оливер Петковски. На победниците и на сите учесници им честитаме и потсетуваме дека грижата за јазикот е задача на секој граѓанин.
Квиз-натпреварот беше во организација на предметните наставници Билјана Маринова и Стојанка Поповска.