Skopje Mini Maker Faire 2019

По успехот на минатогодишниот прв саем на иновации „Bitola Maker Faire 2018“ кој се одржа во Битола во мај 2018 година и е прв ваков саем на Балканот, во петокот на 31 Мај 2019 година се одржа вториот саем на иновации „Skopje Mini Maker Faire 2019“. Саемот е во организација на Американските катчиња во Северна Македонија и Амбасадата на САД во Република Северна Македонија и се одржа пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
На саемот се претставија голем број млади и креативни луѓе кои изработиле одреден производ што е единствен и уникатен.
Со два оригинални продукти изработени на ардуино платформата (кафемат и робот), нашето училиште достојно го претставија учениците Наиле Емини, Антонио Цветковски, Ељхаме Муратовска и Симона Ѓурчиновска.
Ваквите саеми и во иднина ќе бидат поддржани од голем број релевантни институции во државата бидејќи ги стимулираат младите умови да се натпреваруваат во својата инвентивност и креативност. Со тоа се развива чувството за претприемништво и бизнис, со што ваквите поединци ќе бидат поконкурентни на пазарот на труд.
Браво дечки, само напред!