Саем на средните училишта 2019

Вчера на плоштадот „Магнолија“ во Битола се одржа самот на средните училишта наменет за учениците од деветто одделение. Настанот е во насока на претставување на средните училишта од Битола за претстојниот упис во учебната 2019/2020 година и на него учествуваа сите јавни и приватни училишта од градот.

На отворениот ден свои штандови имаше и нашето училиште. На нив беа презентирани трудови на ученици од електротехничката и машинската струка, се делеа флаери и основците имаа можност да се информираат за образовните профили кои ги нуди нашето училиште за следната учебна година.

Во склоп на нашето овогодишно претставување беше и штандот на нашите партнери, Делегацијата на германското стопанство и компанијата Кромберг и Шуберт. Со нив од наесен ќе го реализираме пилот образовниот профил Техничар за индустриска мехатроника воведувајќи го дуалното стручно образование во нашето училиште. Тоа е новина од следната учебна година и ќе значи доближување на средното стручно образование со компанијата Кромберг и Шуберт.

Деветтоодделенци, продолжете го вашето образование во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола…Вратите ви се ширум отворени! Направете го вистинскиот избор!