Одбележан 24 Мај, Денот на сесловенските просветители

По повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, вчера во кариерниот центар на училиштето се одржа пригодна трибина. Трибината ја организира професорката по македонски јазик и литература Наташа Младеновска – Лазаревска во соработка со нејзината колешка Сузана Иванова.

На настанот учествуваа повеќе ученици и колеги од попладневната смена. Пред присутните се зборуваше за значењето на творците на првата словенска азбука-глаголицата и основачите на Македонската литература. 

Солунските браќа Св. Кирил и Методиј се клучни личности во македонската историја. Ги штителе принципите на христијанството, а најголемата мисија која ја спровеле за ширење на христијанството и писмото-глаголицата била во Моравија. Заедно со 10-на свои ученици во 863-та година заминале во Моравија да ја шират мисијата на писменоста во кралството на царот Ростислав. На средбата со тогашниот папа во Рим, добиле дозвола и благослов и од него да продолжат со нивната благородна мисија. Кирил умира во Рим во 869-та година, додека Методиј ја продолжува мисијата која ја имале двајцата браќа. Наклеветен од германските клерици бил затворен и мачен. Во 885-та година умира и Методиј.