Од проектот „Препознај, превенирај и примени мерки против насилство“

Насилството е несакано, агресивно однесување кое сè почесто се манифестира кај децата на училишна возраст. Во основа, претставува физичка или вербална агресија која се повторува или има потенцијал да се повтори со текот на времето. Децата кои се малтретирани и оние кои малтретираат други, може да имаат сериозни, трајни проблеми и последици во нивниот развој.

Разговарајте отворено со вашите родители и наставници за непријатните случки и не се плашете да пријавите насилство!

#prepoznajnasilstvo #prevenirajnasilstvo

Вербално насилство е секој вид исмевање, повикување со погрдни имиња, навредување, заканување и слично.

Биди љубезен, зборовите не можеш да ги вратиш назад!

Психичко насилство подразбира заканување со поглед, гримаси, несакани коментари, изнудување да се даваат пари, уценување и слично.

Разговарајте отворено со вашите родители и наставници за непријатните случки.

Онлајн-насилството, наречено сајбернасилство, се случува кога децата и тинејџерите, користејќи интернет, мобилни телефони или други технолошки уреди, објавуваат навредливи информации во вид на текст, статуси, слики или други видови содржини, со намера да повредат или да посрамотат друга личност.

Сајбернасилство е кога некој те измачува, вознемирува, понижува или на друг начин те „става на тапет“, преку интернет или преку мобилен телефон.

#prepoznajnasilstvo #prevenirajnasilstvo  #стратешкопартнерство #ПрепознајПочитувајОстварувајПрава #ЕУ #ОтворенаПорта  

Брзи совети за спречување на сајбернасилството:

Не откривај ги твоите лични податоци на интернет (адреса на живеење, телефон и др).

Не кажувај ги своите лозинки.

Користи ги алатките од социјалните мрежи за заштита на твоите лични податоци

Направи ги фотографиите видливи само за неколку блиски пријатели (исклучи опција за tag, направи го со твоја дозвола).

Објавите на твојот профил направи ги видливи само за неколку блиски пријатели.

Не враќај на насилни пораки, само чувај ги како доказ.

Не отворај пораки од непознати испраќачи или од деца што знаеш дека се насилници.

Не објавувај на интернет нешто што не би сакал да го знае целиот клас.

Не праќај пораки кога си лут/а.

Не приклучувај се кон сајбернасилство.

#prepoznajnasilstvo #prevenirajnasilstvo  #стратешкопартнерство #ПрепознајПочитувајОстварувајПрава #ЕУ #ОтворенаПорта  

Ако забележиш или си жртва на сајбер насилство, пријави го на возрасен. Биди сигурен дека си ги известил своите родители, класниот наставник и  претставниците од стручната служба во училиштето доколку вознемирувањето продолжува или ескалира.

#prepoznajnasilstvo #prevenirajnasilstvo  #стратешкопартнерство #ПрепознајПочитувајОстварувајПрава #ЕУ #ОтворенаПорта