Матурска вечер на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“

Во петокот на 17.05.2019 година матурантите од нашето училиште ја имаа својата матурска прослава. Забавата се одржа во кристалната сала на ресторанот „Гранд Премиер“, атмосферата супер, матурантите уште посупер…дотерани, весели, коректни…секоја чест.
Дел од нив како најуспешни во наставните и воннаставните активности добија пофалници и пригодни награди.
Истата вечер беше прогласен и ученикот на генерацијата 2018/2019, Кристијан Ристовски од IV6 клас.
Од срце им ја честитаме матурата и им пожелуваме се најдобро во иднина!