XXXVIII Државни натпревари на електротехничките, машинските и сообраќајните средни училишта

Вчера нашето училиште беше домаќин на XXXVIII Државни натпревари на електротехничките, машинските и сообраќајните средни училишта од нашата држава. На натпреварот учествуваа 122 ученици и 116 ментори од вкупно 25 училишта. Тие се натпреваруваа во десет различни образовни профили од трите струки, а паралелно се одвиваше и натпреварот во трудови каде учениците презентираа свои проекти.

На отворањето на натпреварот присуствуваа гости од локалната самоуправа,заменик градоначалничката Емилија Костурски и претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски, директори од средни училишта од градот, гости од Техничкиот факултет во Битола…Најпрво присутните гости ги поздрави в.д. директорот Владимир Роме, а потоа заменик градоначалничката ги прогласи натпреварите за отворени.

Конкуренцијата беше мошне силна и преовладуваше натпреварувачкиот дух. За тројцата најдобри натпреварувачи во сите образовни профили, Здружението на електротехничките, машинските и сообраќајните средни училишта додели пригодни награди. Комисиите за вреднување на резултатите одлично ја извршија својата задача. Доволен показател е тоа што до централната комисија на натпреварот не пристигна ниту еден приговор од натпреварувачите и нивните ментори.

Своја презентација пред гостите ученици и ментори имаа и учениците кои го добија грантот со 3D принтерот.

На натпреварот забележителен успех постигнаа и натпреварувачите од нашето училиште. Тие достојно го претставија училиштето кое важи за водечко во југозападниот регион на Република Северна Македонија. Во прилог се резултатите во сите категории.

Организационо, како училиште-домаќин се претставивме во најпрофесионално светло и се беше во најдобар ред од првиот до последниот момент. Претседателот на Здружението Боро Ристовски неколку пати го потенцираше тоа и изрази голема благодарност кон нас како домаќини. Затоа, јавно се заблагодаруваме на сите кои допринесоа целта да биде постигната: учениците, менторите, тестаторите, хостесите, помошниот персонал, Општина Битола, Млекара Битола, ресторан „Премиер“…Со сите вас заедно, натпреварот помина така како што замислувавме.

Резултати од натпреварите:

Електротехничар за компјутерска техника и автоматика

Електротехничар за електротехника и телекомуникации

Електротехничар енергетичар

Машински техничар

Машинско-енергетски техничар

Автотехничар-мехатроничар

Техничар за компјутерско управување

Автомеханичар

Техничар за транспорт и шпедиција

Техничар за патен сообраќај

Трудови – електротехничка струка

Трудови – машинска струка

Трудови – сообраќајна струка

На натпреварувачите и нивните ментори им честитаме и им пожелуваме уште многу вакви успеси!