Дуално стручно образование

Денес во хотелот Marriott во Скопје се одржа средба на Комисијата за дуално стручно образование. Средбата е во контекст на имплементација на дуалното средно стручно образование во нашиот образовен систем. Учесници беа претставници од Делегацијата на германското стопанство во Република Северна Македонија, заменик министерот за образование и наука Петар Атанасов, советници од ЦСОО, компании во кои се реализира и се планира да се реализира дуалното образование, како и претставници на партнерски училишта. Од нашето училиште присуствуваа в.д. директорот Владимир Роме и помошник директорот Тони Панов.

На средбата се даде осврт на досегашните спроведени активности, се дискутираше за повеќе прашања и проблеми во врска со имплементирањето на оваа програма, а беа најавени и следните чекори за 2019 година. Токму тука е актуелно и нашето училиште бидејќи од следната учебна година ќе стартува новиот образовен профил Техничар за индустриска мехатроника. Запишаните ученици од овој образовен профил практичната настава и феријалната практика ќе ја реализираат во партнерската компанија Кромберг и Шуберт. Тоа ќе значи можност учениците да се стекнат со знаења и вештини при работа во реална компанија што секако ќе биде огромна придобивка за нив и ќе им овозможи да бидат конкурентни на пазарот на труд.