Завршен настан за проектот од ФИТР…

Денес во нашето училиште се одржа завршниот настан од проектот 3Д технологиите, предизвик на денешницата и неопходност на иднината, проект добиен од Фондот за иновации и технолошки развој – ФИТР.

Како што претходно имавме објавено, ова е проект со кој тим од наши ученици под менторство на професорот Илче Ацевски аплицираше и доби грант во вредност од 250 000 денари во опрема. Денешниот настан значеше одбрана на поставената хипотеза за споредба на изработени 3Д фигури на два начина: со скенирање и со фотографирање на оригиналниот објект.

На настанот присуствуваа претставници од ФИТР, локалната самоуправа, директори на средни училишта од Битола, членови на Училишниот одбор, колеги професори, родители, ученици, медиуми…Пред нив учениците учесници во проектот и нивниот ментор го презентираа својот труд и ја потврдија хипотезата која ја поставија на почетокот на проектот. Беа наградени со аплауз и охрабрени да продолжат со своето несебично вложување. 

Дечки…менторе…секоја чест! Штета што дел од вас се матуранти и за кусо време ќе го продолжат своето образование на високообразовните институции, но вратите на нашето училиште ќе ви се секогаш ширум отворени…