Меморандум за соработка со Коалицијата на младински организации СЕГА – Прилеп
На 12.04.2019 година нашето училиште потпиша меморандум за соработка со Коалицијата на младински организации „СЕГА“ од Прилеп.
Меморандумот значи соработка со оваа организација во насока на реализирање на проектот „Препознај, превенирај и примени мерки за безбедност во училиштата“. Специфична цел на овбој проект е да се зајакнат капацитетите на државните и локалните институции за адресирање, превенција и справување со насилство во образовните институции.
Во проектот ќе бидат вклученио професори, претставницци на стручната служба на училиштето и ученици. Очекуваните резултати од проектот се:
- Утврдена состојба за постоење и справување со насилство во 15 училишта
- Зајакнати знаења и вештини на училишниот персонал во 15 училишта за идентификување, превенирање и справување со насилство
- Предложените мерки се прифатени од релевантните институции.