Меморандум за соработка со Економски факултет – Прилеп

На 09.04.2019 година нашето училиште потпиша меморандум за соработка со Економскиот факултет од Прилеп, единица во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Со меморандумот се воспоставува соработка меѓу овие две институции во доменот на образовната, академската и културната сфера и тоа:

  • размена на наставен кадар и ученици, односно студенти заради пренесување на знаења и искуства,
  • соработка во реализацијата на заеднички истражувања и проекти во соодветни научни и едукативни области,
  • размена на мислења и консултации за наставните содржини, методите на наставата, практичната реализација на наставата итн,
  • размена на информации во однос на променинте во едукативните процеси и промените што настануваат во функционирањето на институциите, а со цел согледување на можностите за проширување на соработката,
  • непречен пристап до книжниот фонд и другите библиотечни ресурси на Факултетот,
  • одржување промоции и предавања од страна на наставници, соработници и други овластени лица во просториите на училиштето,
  • соработка во други сфери кои значат размена, проширување и надградување на знаењата и искуствата.