Врвен успех на нашите натпреварувачи…

Денес во СОУ „Перо Наков“ во Куманово се одржа 55-от државен натпревар на млади истражувачи во организација на Народна техника на Македонија. На натпреварот со свои трудови учествуваа тројца ученици од нашето училиште и истите забележаа извонреден успех. Тие освоија две први и едно второ место.

Во категоријата Електротехника и електроника прво место освои ученикот Антонио Цветковски под менторство на Жанета Сервини.

Во категоријата Автоматика прво место освои ученичката Евгенија Дивитарова под менторство на Билјанка Христовска.

Во категоријата Роботика второ место освои ученичката Наиле Емини под менторство на Јани Сервини.

Ова се ученици со кои со право се гордееме. Ова се ученици кои достојно го презентираат нашето училиште на секој чекор.

Ним и на нивните ментори им честитаме на големиот успех и им посакуваме уште многу вакви моменти…Браво дечки!