Практична обука во ЕВН

Денес во просториите на нашето училиште беа гости претставници на ЕВН Македонија. Целта на нивната посета беше потпишување на договори за изведување на практична обука во компанијата ЕВН. Имено, по двајца ученици од трета и четврта година од образовниот профил електротехничар енергетичар во наредниот период практичната настава ќе ја изведуваат во реална компанија. За нив ова е огромна придобивка бидејќи ќе стекнат искуство директно работејќи на терен за што ќе бидат и парично наградени.

Сето ова е во прилог на дуалното средно стручно образование кое на голема врата се најавува како реформа која неминовно е потребна.

Нека им е со среќа на нашите избраници!