Соработка со ЈП „Комуналец“ – Битола

Денес во просториите на нашето училиште се одржа мотивационо предавање од областа на справувањето со отпад. Гости ни беа претставници од ЈП „Комуналец“ – Битола на чело со директорот Панде Богоевски. Тој имаше свое излагање пред ученици членови на ЕКО секцијата која ја раководи професорката Цана Наумовска.

Директорот ги запозна присутните ученици со работењето на претпријатието и проектите во кои тоа учествува. Целта на презентацијата беше јакнење на свеста кај младите луѓе во поглед на селектирањето на отпад, уредувањето на зелените површини и генерално, совесното однесување на младите луѓе кон својата животна средина. Во таа насока е договорено заедничко уредување на просторот во пациото на училиштето што треба да се реализира во наредниот период.

Презентацијата ги поттикна учениците да се замислат за своето дејствување кон останатите соученици и граѓани за совесно и одговорно однесување околу расфрлувањето и селектирањето на отпадот.

Нашето училиште е отворено за соработка со ова комунално претпријатие и ги поддржува ваквите и слични заеднички активности. Планирано е и освежување на училишниот двор со разноврсни садници, за што имаме отворена поддршка и од ЈП „Комуналец“.