Регионален натпревар на електротехничките, машинските и сообраќајните средни училишта

Во саботата на 30.03.2019 година се одржаа овогодинешните регионални натпревари на електротехничките, машинските и сообраќајните средни училишта. Домаќин на натпреварот беше СОУ „Ристе Ричкоски – Ричко“ од Прилеп.

Од нашето училиште се натпреваруваат тројца ученици кои освоија едно прво и две трети места.

Еве ги нивните резултати:

Антонио Дуковски – машински техничар, прво место, ментори: Биљана Лумбуровска, Ѓеорги Ташковски, Благој Секулов

Ангел Насев – електротехничар за компјутерска техника и автоматика, трето место, ментори: Илче Ацевски, Билјанка Христовска, Андреја Ралевски

Томче Ѓорѓиевски – електротехничар енергетичар, трето место, ментори: Ацо Илиевски, Бладо Тасевски, Илчо Спироски

На учениците и нивните ментори им честитаме и им пожелуваме многу успех на државниот натпревар кој на 3 мај ќе се одржи во нашето училиште