НВО саем Градење мостови

Здружението за одржлив развој „СФЕРА Македонија“ на ден 18.03.2019 година организираше настан на тема активно граѓанство. Настанот се одржа во фоајето на Народниот театар Битола и претставува НВО саем на здруженија кои работат со млади и активно ги вклучуваат во секојдневниот живот.

Саемот го посетија и наши ученици кои добија информации за здрженија кои работат со млади и различни акции како граѓански иницијативи, како да започнат со волонтирање за подобрување на нашата заедница, а истовремено да вложат во нивниот персонален развој преку приклучување кон бројни активности што ги организираат невладините организации.