Државен натпревар по информатика

Државниот натпревар по информатика се одржа во саботата на 23.03.2019 година. Домаќин на натпреварот беше Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.

На натпреварот учествуваа ученици од основно и средно образование кои се квалификуваа преку постигнатиот успех на претходно одржаниот регионален натпревар.

Од нашето училиште се натпреваруваа Филип Џајков од III5 клас и Мартин Трајковски од IV4 клас. Двајцата ученици добија пофалници за успешно учество на натпреварот. Тие не само што достојно го претставуваа нашето училиште, туку беа и единствени натпреварувачи од нашиот град што е за секоја пофалба.

Им посакуваме уште многу вакви моменти и успех во понатамошните натпреварувања…