Еколошка акција…

Денес во нашето училиште се изведе акција за собирање на сметот во училишниот двор и на потегот кон новиот пазар. Акцијата е во координација со АД “Комуналец” и во неа учествуваа ученици и професори кои заеднички за релативно краткоо време ги собраа расфрланите отпадоци и просторот околу училиштето веднаш доби нов изглед. Се надеваме дека свеста кај пазарџиите и граѓаните кои гравитираат во овој дел ќе порасне и дека во иднина ќе бидат поодговорни во справувањето со отпадниот материјал. Имено, покрај нашите ученици, оваа патека е секојдневна кратенка на граѓаните кон новиот пазар, па оттука произлегува и апелот за поголема свест кај сите. Ова посебно важи за пазарџиите кои се целосно индиферентни и се однесуваат како да не се засегнати од проблемот.. Оттука апелираме и до надлежните институции за засилен надзор и преземање на казнени мерки за сите несовесни граѓани.

п.с. Не можете вие толку да расфрлате колку што ние можеме да исчистиме!!!