Дај свој придонес – засади дрво

Акцијата „Дај свој придонес-засади дрво“ што минатата година ја иницираше компанијата „Интерворкс“ за засадување на 10 илјади садници на повеќе локации низ градот, продолжи и денеска со засадување дрвца во градскиот парк и на други јавни површини. Годинава на “Интеворкс“ и се приклучија уште 8 битолски компании „Бимилк“, „Кромберг и Шуберт“, „Хемометал“, „Синпекс“, „Киро Дандаро“,„ Кус Кус“ и „Цилиндо“, а акцијата и во наредниот период ќе се одвива со поддршка на Општина Битола и ЈП „Комуналец“, кој во иднина ќе ги одржува садниците.

Нашето училиште повторно се вклучи во акцијата и даде свој придонес во освежувањето на градскиот парк со нови садници. Се разбира и во иднина сесрдно ќе ги поддржуваме ваквите и слични настани…Браво Интерворкс! Браво за нашите ученици!