Регионален натпревар по информатика

Во неделата на 10-ти март се одржа 27-от регионален натпревар по информатика МЕНДО за основните и средните училишта.

Домаќин на натпреварот беше приватното средно училиште „Јахја Кемал“ во Мислешево – Струга. На натпреварот учествуваа тројца натпреварувачи од нашето училиште: Мартин Трајковски, Филип Џајков и Димитар Велјановски под менторство на професорот Андреја Ралевски. Во мошне сериозната конкуренција од вкупно 168 учесници од прва до четврта година начите ученици забележаа одличен успех. Имено, Мартин и Филип беа рангирани како 37-ми и 38-ми што на двајцата им носи трета награда на натпреварот. Со тоа тие се квалификуваа за учество на државниот натпревар.

Им честитаме на учениците и нивниот ментор и им пожелуваме многу успех на државниот натпревар кој ќе се одржи на 23-ти март!

Во продолжение се дадени комплетните резултати на наградените ученици.