Проект „Бастион“ – Развивање на меки вештини и социјални компетенции за тимско решавање на проблеми

Минатата недела во нашето училиште почна одржувањето на серија работилници од партнерскиот проект со Бизнис академијата Смилевски – БАС. Проектот „БАСТИОН“ има за цел развивање на меки вештини и социјални компетенции за тимско решавање на проблеми. Во него се вклучени 25 професори и 120 ученици кои поделени во групи треба да реализираат по пет тематски работилници.

Обучувачи на работилниците се професори од БАС, а сите учесници по завршувањето на проектот ќе добијат сертификати.