Осма и деветта работилница од проектот “Тех-стартап училиште”

На 11 февруари се одржа осмата работилница од проектот “Тех-стартап училиште” во СОТУ “Ѓорѓи Наумов”- Битола со Стефан Чачовски, ко-основач на Invoicebus.com, на тема- „Како да дизајнирате продукт кој луѓето го сакаат“. На работилницата се обработи процесот на дизајнирање на продуктот (преку пишување на едноставна приказна за истиот, дефинирање на неговиот карактери фокусирање на важните работи ) и водење на online продукт/сервис со релативно мал тим (2-3 луѓе). Стефан на учесниците им ги презентираше идеите за брз и едноставен развој на продуктот (од скица преку избор на функционалности и дизајн на интерфејсот) со акцент на едноставноста и корисничкото искуство (UX). 

На 14 февруари се одржа деветтата работилница, повторно со Стефан Чачовски, Насловот на работилницата беше „Цени и промоција – практични совети и трикови“ при што на почетокот се опфатија основни аспекти за дефинирање на цена на продукт, ценовни модели и практични совети при дефинирање на цените. Во продложение беа опишани начини за online промоција на продукт пред и после негово лансирање. Во вториот дел од работилиницата имаше практичен дел во кој учениците пополнуваа документ со задададени бизнис прашања за нивните стартап идеи и цртаа мокап со прототип на нивниот продукт (целна страна и кориснички интерфејс).

“Тех- стартап училиште” е проект е поддржан преку грантовата програма на Комисијата за демократија при Амбасадата на САД во Македонија.