Награда “Киро Галевски“ за најдобрите наши математичари…

ДОО ГалеТекни – Битола, услужна работилница со дејност во прецизната лимарија и лимената галантерија ја доделува традиционална награда “ Киро Галевски“ за истакнати резултати во полето на математиката, постигнати од ученици при средно техничко училиште Ѓорѓи Наумов – Битола

Како и секоја година, и оваа учебна година ДОО „ГалеТекни“ – Битола ќе додели награда „Киро Галевски“ за ученици од средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ – Битола, за истакнати резултати на регионалниот и државниот натпревар по математика

               За освоени награди на регионален натпревар се доделуваат следните награди:

               – пофалница 1000 денари

               – трета награда 1500 денари

               – втора награда 2000 денари

               – прва награда  2500 денари

               За освоени награди  на државен натпревар се доделуваат следните награди:

               – пофалница 1500 денари

               – трета награда 2500 денари

               – втора награда 3500 денари

               – прва награда 4500 денари

               Се наградуваат првите три најдобро пласирани ученици кои ќе освојат една од горенаведените награди.

              За Киро Галевски…

Му благодариме на сопственикот на ДОО „ГалеТекни“, господинот Сашо Галевски, за поддршката и мотивацијата која несебично им ја дава на младите математичари!!!