Седма работилница од проектот „Тех-стартап училиште“

На 8-ми февруари се одржа седмата работилница од проектот “Тех-стартап училиште” во СОТУ “Ѓорѓи Наумов”- Битола заедно со Стефан Чачовски, ко-основач на Invoicebus.com. Работилницата беше поделена на 2 дела. Првиот дел опфаќаше запознавање со начинот на развивање на стартап бизнис идеја, валидација и предуслови за реализација. Се дискутираше lean startup методологија, креирање на MVP (minimum viable product), начини на финансирање и потребен тим за реализација. Во вториот дел се направи интерактивна бреинсторминг сесија поделена по тимови така што секој тим имаше можност да предложи и да дискутира своја бизнис идеја со другите. “Тех- стартап училиште” е проект е поддржан преку грантовата програма на Комисијата за демократија при Амбасадата на САД во Македонија.