СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола доби уште еден 3Д принтер…

Вчера нашето училиште доби уште еден 3Д принтер. Принтерот е донација од академијата за 3D&Gaming M3DS од Скопје со која минатата година имавме соработка во насока на анимирање на учениците кон 3Д моделирањето.

Ова е вториот 3Д принтер во нашето училиште по оној добиен од Фондот за иновации ФИТР што ќе биде одлична отскочна даска за реализирање на посериозни проекти.

Во наредниот период во соработка со M3DS ќе се одржуваат обучувачки работилници за наши ученици – ентузијасти кои ќе пројават желба да ги научат техниките на 3Д моделирањето. Работилниците се планирани за месец април.

M3DS…Стефан…Ви благодариме, заедно продолжуваме понатаму…