Шеста работилница од проектот “Тех-стартап училиште”

На 5-ти февруари се одржа шестата работилница од проектот “Тех-стартап училиште” во СОТУ “Ѓорѓи Наумов”- Битола заедно со Благоја Стојчевски, ко-сопственик, главен електро дизајнер и проектен менаџер во Тримод ДОО.

Оваа работилница вклучуваше развој на едноставен ПБЦ дизајн користејќи ги скоро сите алатки во DeepTrace PCB дизајн софтверот, кои датотеки треба да се експортираат (GERBER), и како да се подредат прототипите. Со оваа работилница делот за основите на електроника иелектротехника од проектните работилници беше комплетиран. Во наредните сесии учесниците ќе имаат можност да учествуваат на работилници поврзани со основање на стартап.

“Тех- стартап училиште” е проект е поддржан преку грантовата програма на Комисијата за демократија при Амбасадата на САД во Македонија.