Општински натпревар по физика

Во саботата на 02.02.2019 година во нашето училиште се одржа општинскиот натпревар по физика за учениците од средните училишта. 

На натпреварот од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ учествуваше ученичката Тамара Делева од II година под менторство на проф. Донка Наумовска. Тамара освои 60 поени што беа доволно за нејзин пласман на претстојниот регионален натпревар кој ќе се одржи во месец март.

И честитаме и и посакуваме многу успех!