Проект „Развивање на меки вештини и социјални компетенции за тимско решавање на проблеми кај наставниците“

На 13-ти и 14-ти декември во нашето училиште се одржаа првите работилници од проектот „Развивање на меки вештини и социјални компетенции за тимско решавање на проблеми кај наставниците“ .  Проектот се реализира во партнерство со Бизнис академијата Смилевски – БАС од Битолa, добиен од МОН според Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации – Грант програма, мерка 3: Воспоставување на курсеви со решавање на проблемиза зајакнување на меките вештини кај учениците. 

„БАСТИОН“ – Развивање на меки вештини и социјални компетенции за тимско решавање на проблеми кај наставници

На првите две работилници учествуваа вкупно 25 наставници од нашето училиште кои се запознаа со теориските и практичните инпути, техниките, алатките и активностите наменети за стекнување на предвидените вештини кај учениците. Нивните заклучоци се дека обуката беше интерактивна и интересна со примена на многу вежби и предизвици, дека беше применет нов пристап во усвојувањето на предвидените вештини кои се цел за реализација на овој проект.

Наставниците ја истакнаа големата корисност од обуката, добрите услови во кои се реализира, корисните прирачници и материјали и одличниот квалитет на обучувачите, Лидија Стефановска и Тони Соклевски од БАС – Битола.

Во рамки на проектот, во текот на второто полугодие се предвидени повеќе едукативни работилници на кои ќе учествуваат околу 120 ученици од нашето училиште.