Проект „Тех-стартап училиште”
На 11-ти декември во нашето училиште започна проектот “Тех- стартап училиште”. Проектот е имплементиран од НВО ГЕТ ИНОВАЦИЈА Битола во партнерство со СОТУ “Ѓорѓи Наумов”- Битола, а е поддржан преку грантовата програма на Комисијата за демократија при Амбасадата на САД во Македонија.
На првата средба од проектот учесниците имаа можност да се запознаат детално со програмата во која ќе учествуваат, распоредот на сесиите и да поставуваат прашања. Исто така, со помош на координаторот на проектот “Тех- стартап училиште”, Ана Дајовска од ГЕТ ИНОВАЦИЈА, учесниците имаа можност да се запознаат со процесот на дизајнирано учење кој е еден од најпопуларните пристапи за креирање на иновации.
Прва работилница
На 21-ви декември се одржа првата работилница од проектот со Емрах Мехмедов, софтверски инжинер и ентузијаст за клауд компјутинг. На првата работилница учениците се запознаа со основите на Клауд компјутинг (што значи клауд компјутингот, што е дел од клауд компјутинг, познати фирми кои нудат вакви решенија и сл) и запознавање со Виртуелни машини (VM) што е виртуелна машина,, како функционира виртуелна машина, како се креира, како може паралелно да работат повеќе од една виртуелна машина во една физичка машина. Учесниците имаа можност да пробат сами да креираат виртуелна машина и да сфатат како денес во Cloud-от може да користат виртуелни машини.
Втора работилница
На 26-ти Декември 2018 се одржа втора работилница од проектот “Тех- стартап училиште”, исто така со Емрах Мехмедов. На втората работилница учениците се запознаа со Amazon AWS и сервисите кои ги нуди како на пример: EC2, Lambda, IAM, S3, Elastic Beanstalk, Elastic Load Balancing, Amazon Auto Scaling и други. Дополнително, учесниците се запознаа со основи на Web Development почнувајки од креирање на проект, како може да се изврши преку Web Browser и како може да ги комбинираат технологиите: HTML, CSS, Javascript за да започнат со развивање на веб апликација.
Третата работилница ќе се одржи во понеделник на 28.01, а четвртата во четврток на 31.01.2019 година.