Дај свој придонес – засади дрво

Денес во дворот на нашето училиште беа засадени триесеттина зимзелени садници. Садниците се донирани од битолската компјутерска компанија Интерворкс, која изминатите неколку дена преку донација на садници на повеќе правни субјекти овозможи оплеменување на многу зелени површини во градот. Под мотото „Дај свој придонес – засади дрво“. компанијата Интерворкс вложува во подобрувањето на амбиенталниот воздух во градот.

Во училишната акција учествуваа повеќе ученици од втора и четврта година и за кусо време нашииот двор доби нов и свеж изглед.

Акцијата е за поздрав и се надеваме дека вакви и слични настани ќе има и во иднина.

Благодариме Интерворкс…Продолжете така!