Натпревар „Лидер на струка 2018“

Вчера се одржа натпреварот Лидер на струка 2018. Натпреварот е во организација на МОН и ЦСОО и оваа година домаќин беше средното техничко училиште „Наце Буѓони“ од Куманово. 

На натпреварот учествуваа ученици од нашето училиште од електротехничка и машинска струка во повеќе образовни профили и освоија две втори и две трети места. Во секој случај, важно е учеството, дружењето со соученици од други сродни училишта и стекнување на искуство.

Им честитаме на учениците и менторите и им пожелуваме многу успех во понатамошните натпреварувања.