Општински училишни спортски натпревари во футсал

На последните општински училишни спортски натпревари, учениците од нашето училиште постигнаа значаен успех.

Имено, на натпреварите во футсал во машка конкуренција нашата екипа го освои одличното второ место од вкупно шест екипи. Им недостигаше само еден гол за да бидат општински прваци, но така е тоа во спортот.

Посебно им честитаме на нашите девојки кои се натпреваруваа во футсал. Тие за првпат не се последни и од пет екипи го освоија четвртото место. Знаејќи дека бројот на девојчиња во нашето училиште е помал во однос на конкурентите, овој резултат има уште поголема тежина.