Успех на нашите атлетичари на ноќната трка 2018

Вечерта пред денот на ослободувањето на град Битола 4 ноември, се одржа традиционалната ноќна атлетска трка. Трката е во организација на Сојузот на спортови на Битола и општина Битола и на неа учествуваа околу 1200 наши сограѓани во различни категории: основни училишта, средни училишта, студенти и граѓани.

Ова е јубилејна 60 трка, убава традиција која не смее да згасне!

На трката учествуваа и голем број ученици од нашето училиште. Тие забележаа одличен успех:

Софија Мицкоска, прво место

Елена Илиеска, трето место

Стефанија Лазарова, II4, второ место

Селим Таиров, IV2, прво место

Никита Димовски, IV7, трето место.

Исто такачеститки заслужува и нашиот колега по спорт и спортски активности Влатко Гроздановски кој во категоријата граѓани го освои првото место.

Градоначалничката Наташа Петровска на сите наградени им додели дипломи и медали. Им честитаме и ние на успехоТ!