Прва награда за Наиле Емини од IV6 клас

Во петокот на 9 ноември во кафулето Porta Jazz се одржа изложба на најдобрите средношколски постери со слогани и цитати на тема медиумска писменост. Настанот е во склоп на одбележувањето на Неделата на медиумска писменост преку проектот „Тема за дилема“ .

Младите средношколци покажаа голема креативност, оригиналност и способност за критичко размислување. Во таквата голема конкуренција, првото место и припадна на нашата ученичка Наиле Емини од IV6 клас.

Натпреварот го организира Здружението Ганимед и тој е дел од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ спроведуван од Фондацијата Метаморфозис и Евротинк – центар за европскии стратегии, а финансиран од Европската Унија.